На последната седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација на активностите за спречување на внесување и ширење е донесен и заклучок надлежните институции да ја разгледаат можноста за лицата кои треба да бидат вратени од Република Италија преку хуманитарен лет, да се продолжи рокот од 14 дена за задолжително спроведување во државен карантин и да биде намалку 21 дена. Лицата треба да бидат сместени во еден објект кој ќе биде под постојан медицински и безбедносен надзор.