ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ ВО БАНКИТЕ ЧУВААТ 10,2, А ДОЛЖАТ 8,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Потрошувачките кредити заземаат највисока ставка во долгот на граѓаните

Во ноември, граѓаните најмногу се задолжувале преку станбени кредити  кои забележаа раст од 16,5% и потрошувачките кредити кои што пораснаа за 10,5%. Долгот на граѓаните од потрошувачки кредити сега изнесува околу 2,3 милијарди евра, а од станбени кредит порасна на 1,74 милијарди евра.

17

Во ноември е забележан двоцифрен раст на депозитите и кредитите на граѓаните и компаниите. Вкупните депозити забележаа годишен раст од 11%, додека вкупните кредити пораснаа за 12,7%, покажуваат податоците на Народна банка.

Во бројки граѓаните и фирмите во банките чуваат вкупно 10,2 милијарди евра, а должат 8,8 милијарди евра.






Растот на вкупните депозити во ноември во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства” од 12,4%, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор кој изнесува 9,3%.

Растот на депозитите кај домаќинствата се должи на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута, а кај корпоративниот сектор растот на депозитите е резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута и во денари.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 12,7%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при малку поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се повисоки за 14,5%, во целост поради зголеменото кредитирање во денари, додека кај домаќинствата растот изнесува 11,1%.

Во ноември, граѓаните најмногу се задолжувале преку станбени кредити  кои забележаа раст од 16,5% и потрошувачките кредити кои што пораснаа за 10,5%. Долгот на граѓаните од потрошувачки кредити сега изнесува околу 2,3 милијарди евра, а од станбени кредит порасна на 1,74 милијарди евра.

Автомобилските кредити, во ноември, забележаа годишно зголемување од 0,4%, додека кредитите одобрени на кредитните картички се намалени за 6,4% .

Овој месец, негативните салда на тековните сметки бележат годишен раст од 0,9%, додека, пак, кредитите одобрени врз други на годишно ниво се намалени за 10%.

 

Поврзани содржини