ГРАЃАНИТЕ ГИ САРДИСАА БЕНЗИНСКИТЕ Чекаат со часови за да наполнат гориво по стара цена (ВИДЕО)
Граѓаните панично повторно почнаа да прават колони пред бензинските пумпи чекајќи ред да наполнат гориво по сѐ уште старата цена.
Откако Регулаторната комисија вечерва соопшти дека од полноќ горивата драстично поскапуваат, односно бензините за 5,50 денари по литар и дизелот за цели 10 денари по литар, граѓаните панично повторно почнаа да прават колони пред бензинските пумпи чекајќи ред да наполнат гориво по сѐ уште старата цена.
Согласно новата одлука на РКЕ, од полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 89,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде 85,50 ден/лит.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголемува за 6,149 денар/килограм и новата цена ќе биде 54,319 ден/кг.
Уште е по стара цена, колони брат pic.twitter.com/gyQkiTlQr8
— Exploared (@exploared) March 7, 2022