Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за коронавирусот

699

Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за состојбата и актуелностите со коронавирусот, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.






– Сите пораки кои ќе ги добијат од телеком мрежите се валдини и известуваат за состојбата и актуелностите за кои сметаме дека ова е добар механизам да се известат граѓаните во врска со корона вирусот – појасни министерот Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање кои трговски центри ќе работи од понеделник, министерот Филипче посочи, дека целосно се затворени сите затворени молови, освен маркетите, аптеките и продавниците за храна.

– Отворените трговски центри, на пример Гратскиот трговски центар, понатаму во Аеродром и Карпош 3 се отворени целосно. Рестораните и сите други продавници кои произведуваат храна, вклучително и рестораните во хотелите, кои нормално работат и припремаат храна, но нема собирање на гости. Може да прават достава, да примаат нарачки по телефон или да вршат директна достава преку некаква форма на штанд или шалтер – изјави Филипче

Поврзани содржини