ГРАЃАНИТЕ ДАЛЕ ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР ЗА ПАРТНЕРСТВОТО СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈA Истражување покажува дека го поддржуваат договорот

Повеќе од 41 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД, кое го изврши агенцијата Маркет вижн, целосно или делумно го поддржуваат овој проект.

510

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти. Повеќе од 41 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД, кое го изврши агенцијата Маркет вижн, целосно или делумно го поддржуваат овој проект.

Негативен одговор дадоа 29,1 отсто од испитаниците.






Фото: МКД

 

 

По новинарските написи за криминалот со набавката на јаглен за потребите на ЕСМ, 53,1 % од испитаниците одговориле дека веруваат во информациите дека во овој криминал се вмешани семејството Заеви и Венко Филипче.

Фото: МКД

Голем дел од испитаниците, 59,3 отсто, веруваат во тврдењата дека поранешниот премиер Зоран Заев инвестира го изградбата на згради во Дубаи.

Фото: МКД

На прашањето „во која насока сметате дека се движат работите во Македонија“, 34,3 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна, а 40,5 отсто сметаат дека насоката е погрешна. Податоците покажуваат дека сѐ поголем број на испитаници сметаат дека земјата се движи во правилна насока.

Анкетирањето беше спроведено од 20 јуни до 4 јули со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.A

Поврзани содржини