ГРАЃАНИТЕ ЧУВСТВУВААТ ОЛЕСНУВАЊЕ Мерките на министерот Дурмиши имаат ефект, тврди Вреди
Коалицијата Вреди уште еднаш потврдува дека кога политиката се прави одговорно и во служба на граѓаните, резултатите не изостануваат, соопшти партијата.
„Мерките што ги презема Министерството за економија и труд, на предлог на министерот Бесар Дурмиши, носат конкретен ефект врз економскиот живот на граѓаните, ги спречуваат злоупотребите и ги намалуваат цените на основните производи. Од 20 февруари 2025 година, воведени се ограничувања на профитната маржа на над 1.000 производи, како и замрзнување на цените за 8 групи основни прехранбени производи, вклучувајќи леб, млеко, масло, јајца и брашно, мерки насочени кон заштита на животниот стандард на секое семејство. Последните податоци на ДЗС покажуваат дека инфлацијата само во март паднала за под 1,3%, доказ дека оваа влада е сериозна и ефикасна во справувањето со економската криза. Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и паѓаат. Континуирано работиме на мерки за подобрување на стандардот на граѓаните и стабилизирање на цените. Мерките ќе останат во сила до 30 април 2025 година за да се гарантира безбедноста и економската стабилност во чувствителен период за секое семејство. Вреди останува посветен на транспарентно, чесно и социјално владеење, бидејќи граѓанинот е во центарот на секоја одлука“, се вели во соопштението на Вреди.