ГРАЃАНИ ЗАГЛАВИЈА НА ПОДЗЕМНИОТ ПАРКИНГ ВО ГТЦ Автоматите за наплата не работат, се прават редици
Оние што заглавија чекајќи да ги земат колите велат дека со себе носат и деца, а нема кому да се пожалат дека останале заглавени.
Хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Граѓаните по два часа чекаат да платат за паркинг бидејќи автоматските апарати за наплата на паркингот престанале да работат, а не работи службата за наплата на шалтерите.
Граѓаните споделуваат слики и видеа на социјалните мрежи на кои се гледа дека се направени долги редови.
Оние што заглавија чекајќи да ги земат колите велат дека со себе носат и деца, а нема кому да се пожалат дека останале заглавени.