Граѓани со спреј на асфалтот предупредуваат на опасност на патот кон манастирот Св. Пантелејмон, сообраќајни знаци ни за лек ФОТО
Во отсуство на сообраќајна сигнализација на патот кон манастирот Свети Пантелејмон, Горно Нерези, жители од околните куќи сами пишуваат со спреј на асфалтот.
Со боја наместо сообраќајни знаци граѓаните предупредуваат за опасноста на патот и острите кривини.
Дополнителна опасност за возачите е и дека патот на повеќе места е замрзнат.