Граѓани со кофи со вода ги штитат куќите од пламените јазици во Кумановско ФОТО

Според информации кои се споделуваат на социјалните мрежи пожар има во селата  Четирце, Клечовце, Зубовце, Зебрњак, Горно Јачинце, Довезенце, Градиште, Сопот, Лојане, Шупљи Камен и Орашац.

939

На Фејсбук граѓани апелираат за помош до поединци и компании да помогнат во гаснењето на пожарот во повеќе кумановски села.

Во апелот се вели дека ситуацијата таму е алармантна и дека во Кумановско гори на сите страни. Дека љуѓето  за да го спречат огнот  си подаваат кофи со вода за да си ги спасат своите куќи. Според информации кои се споделуваат на социјалните мрежи пожар има во селата  Четирце, Клечовце, Зубовце, Зебрњак, Горно Јачинце, Довезенце, Градиште, Сопот, Лојане, Шупљи Камен и Орашац.






Од таму информираат дека „Бучен Козјак“ е веќ на терен со цистерна со вода за да го гасне пожарот.

Поврзани содржини