ГРАЃАНИ СЕ ЖАЛАТ ВО ЛЕВИЦА НА ПОЛИКЛИНИКИТЕ ВО ДРАЧЕВО Партијата прашува зошто 40.000 граѓани се оставени без лекарска помош

506

Огорчени граѓани постојано испраќаат поплаки до Левица за состојбата предизвикана од недостигот на кадар во амбулантите во Поликлиниката во населбата Драчево, од постојаните дефекти на рендген апаратот и од условите во здравствениот дом во кој протекува вода од покривот на зградата, соопшти партијата.

„Поликлиниката Драчево опслужува регион со околу 40.000 граѓани. Дали Министерството за здравство наменски остава 40.000 жители без итна медицинска помош!? Поликлиниката покрај тоа што нема кадар за итна интервенција, па за обичен преглед ги праќаат пациентите до Скопје, со години не пружа специјалистички и супспецијалистички услуги. Кога обичен преглед е луксуз за граѓаните на Драчево, што останува за посложените медицински интервенции, грижа и превенција од болести? Сметаме дека здравствената нега и медицинските услуги треба да бидат највисок приоритет на секоја Влада. Недостигот на кадар, неисправноста на медицинската опрема и протекувањето на вода се нешта што се недозволиви во која било здравствена установа. Овие проблеми заслужуваат итна реакција и решение од страна на надлежните органи“, се наведува во соопштението од Левица.

Поврзани содржини