Граѓани од скопската населба Маџари попладнево кај рампата на улицата „Перо Наков“ протестираа против како што велат долгогодишната незаинтересираност на градските и општинските за власти за решавање на основните проблеми во нивната населба.
Тие бараат затворање на претоварната станица во Вардариште и затворање на сите пристапни патишта кои водат до депонијата. Од таму да се тргнат граѓаните без документи, коишто секојдневно носат и палат ѓубре на депонијата. Тие бараат 24 часовна контрола од страна на МВР на рампата во Маџари и контрола на работењето на отпадите.