ГОТВЕТЕ ЗАЕДНО! Како готвењето со децата ги обликува нивните емоции

Според експертите од Универзитетот во Алберта, децата кои редовно готват со своите родители покажуваат постабилни навики во исхраната, повисоко ниво на самодоверба и помала склоност кон импулсивно однесување.

43

Честопати го гледаме готвењето со децата како симпатична активност или начин да ги научиме на основите на исхраната. Сепак, експертите велат дека готвењето е многу повеќе од тоа, силно го обликува емоционалниот свет на детето, и тоа на начин кој, велат тие, е често поефикасен од училишната наставна програма или традиционалните педагошки методи.

Според експертите од Универзитетот во Алберта, децата кои редовно готват со своите родители покажуваат постабилни навики во исхраната, повисоко ниво на самодоверба и помала склоност кон импулсивно однесување.






Имено, кога детето сече зеленчук, меша состојки или додава зачини, се активира префронталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за извршните функции како што се планирањето и контролата на импулсите. Во исто време, сензорниот кортекс, кој обработува мириси, вкусови и допири, буди асоцијативни мрежи кои остануваат врежани во меморијата.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини