🎥 ГОТВАЧКОТО ВИДЕО НА БРЕД ПИТ СТАНА ХИТ НА ИНТЕРНЕТ! Холивудскиот шмекер јаде лути пиперки и прави тортиљи

Ако некогаш сте се запрашале како се снаоѓа Бред Пит во кујната, наскоро ќе го добиете одговорот. Како дел од промоцијата на неговиот нов филм „Формула 1“, Пит се појави во забавно видео за готвење кое веќе стана вирално на Инстаграм.

311

Ако некогаш сте се запрашале како се снаоѓа Бред Пит во кујната, наскоро ќе го добиете одговорот. Како дел од промоцијата на неговиот нов филм „Формула 1“, Пит се појави во забавно видео за готвење кое веќе стана вирално на Инстаграм.

Славниот актер ги здружи силите со познатите готвачи Роберто Моралес и Исајас Еспиноза и колегите од филмот – Кери Кондон, Дамсон Идрис и режисерот Џозеф Косински, во кујната каде што заедно подготвуваа мексиканска храна и многу се забавуваа.






Видеото започнува со поделбата во два тима кои се натпреваруваат во подготовка на домашни тортиљи. Атмосферата беше опуштена и весела, а сè „стана покомплицирано“ кога Дамсон мораше да додаде многу лута пиперка во салсата.

„Ги знам своите граници и ова е една од нив“, се пошегувал Бред Пит и ја загризал пиперка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roberto Morales (@robegrill)


Екипата потоа избирала омилен мексикански пијалак – хорчата (сладок пијалак од ориз) или агуа де јамаика (чај од хибискус). Сите избрале хорчата, што ги изненадило дури и гледачите. Еден од посмешните моменти бил кога Пит се обидел да го исече месото кое речиси му излетало од рака, што предизвикало громогласно смеење кај сите присутни.

За крај, се одржал натпревар за составување на најдобрите такоси, а готвачите им понудиле и пржени скакулци како прилог, но Дамсон Идрис веднаш ги одбил. Според зборовите судиите, сите такоси биле одлични, па не можеле да одлучат кој е најдобар. Затоа, сите натпреварувачи биле прогласени за победници.

Оваа интересна кулинарска епизода е дел од промоцијата на филмот „Ф1“, во кој Бред Пит глуми возач на Формула 1. Филмот го режираше Џозеф Косински, а во соработка со вистинската организација на Ф1, е снимен на вистински тркачки патеки низ целиот свет. Буџетот за филмот надмина 300 милиони долари, што го прави еден од најскапите филмови во историјата.

 

Поврзани содржини