ГОТОВО Е Карлеуша се разведува, Душко не се гледа како дел од семејството

507

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ по 14 години решија да стават точка на бракот. Карлеуша попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил преку кое вели дека прв и последен пат се огласува на оваа тема.

– Душко и јас се договоривме спогодбено да ставиме крај на нашиот брак после 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себе како дел од нашето семејство. Техничко правните работи ќе бидат спогодбено решени во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да молам за разбирање од медиумите, затоа што тоа е залудно. Од јавноста не очекувам ниту човечност ниту разбирање, само ликување и перење уста со нашите животи што е нешто на што сум навикната… па навалете…






Преживеав сѐ, ќе го преживеам и ова. Животот оди понатаму. За да спречам неточни натписи – целиот брачен имот е препишан на нашите деца, старателството над децата ми припаѓа мене. Каква било напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Нема повеќе да се огласувам по ова прашање“, напиша Карлеуша.

Двојката во бракот има две ќерки.

Поврзани содржини