Гостиварската болница со нова шема за работа

Работата на одделенијата ќе се одвива во групи. Па така, една група ќе биде на работа една недела, а втората ќе биде во резерва.

212

Медицинскиот персонал во гостиварската болница ќе работи во еднонеделни смени. Новата мерка која болничката управа ја презеде треба да спречи затворање на одделенија при случај на појава на инфицирани со ковид-19.

За да се обезбеди непречена работа, раководството на општата болница „ Др Ферид Мурад“ од денеска па во наредниот период спроведува нов принцип на работа по одделенијата.






– Станува збор за вонредна мерка со кои ќе ги заштитиме и вработените. Работата на одделенијата ќе се одвива во групи. Па така, една група ќе биде на работа една недела, а втората ќе биде во резерва. Тие меѓусебно на дневна основа нема да контактираат. Ова е важно доколку дојде до инфекција на некој од вработените, да не се соочиме со затворање на одделение и пациентите да останат незгрижени – изјави Јакуп Јакупи директор на болницата.

Влезот во болницата со воведувањето на посебните мерки е ограничен, а се вршат епидемилошки анкети и мерки за дезинфекција.

Општата болница е најголемата здравствена установа со над 500 вработени и пружа услуги на граѓаните од гостиварскиот регион.

Поврзани содржини