Гостиварецот Мустафи на чекор до трансфер во Барселона
Најновите информации се дека Барселона ќе се засили со дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман сака по секоја цена да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.
Најновите информации се дека Барселона ќе се засили со дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи.
Германскиот репрезентативец со македонски корени, Мустафи не е во плановите на Артета и оваа сезона одигра само 8 меча, а на лето му завршува договорот.
Неговиот агент, Емре Оштрук денес пристигна во Барселона да ги договори последните детали со Каталонците.
– Пристигнав во Барселона во врска со преговорите за Мустафи. Ќе се обидеме да го компетираме договорот, тоа е се што можам да кажам – изјави агентот.
28-годишниот германски репрезентативец, кој потекнува од Гостивар, има искуство во Примера каде со успех го носеше дресот на Валенсија.