ГОСТИВАРЕЦ САКАЛ ДА ИЗНЕСЕ 100.000 ЕВРА ПРЕКУ БОГОРОДИЦА Царината на патникот му оставила 2.000 евра, другите ги запленила

Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени. Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд“, се наведува во соопштението од Царинската управа.

188

Македонски државјанин преку граничниот премин Богородица се обидел нелегално од државата да изнесе 100.000 евра, но при контрола на автобусот и патниците од страна на мобилната екипа при Царинската управа парите биле пронајдени во неговата лична торба.

Како што информираат од Царинската управа, на 26-ти овој месец, околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени четири пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра.






„Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени. Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд“, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Поврзани содржини