Гостиварец фатен со 15.000 пиротехнички средства
Од МВР додаваат дека З.К. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава.
Пронајдени над 15.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар, при што полицијата приведе едно лице.
– Денеска (22 декември) околу 10.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.К.(24) од Гостивар. При преглед во неговото возило „мерцедес“ без регистарски ознаки биле пронајдени и одземени над 15 илјади разновидни пиротехнички средства – стои во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека З.К. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава по член 396 став 4 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.