ГОСТИВАРЦИ, НЕ ПИЈТЕ ВОДА ОД ЧЕШМА И пред 10 дена во неа имаше ешерихија коли

160

Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, поплaднево преку известување соопштија дека водата не е безбедна за пиење.

Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување.






Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи.

„Поради контаминација предизвикана од обилните врнежи, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, избегнувајте нејзино консумирање“, се наведува во известувањето од ЈП „Комуналец”.

Од претпријатието наведуваат дека се работи на решавање на проблемот и до подобрувањето на состојбата ќе има соопштение штом водата биде безбедна за потрошувачка.

Минатиот четврток беше објавено дека во водата од градскиот водовод биле откриени колоформни бактерии и ешерихија коли, а според в.д. градоначалникот, тие резултати биле од анализи направени неколку пред воведувањето на забраната. По неколку дена, состојбата се стабилизира.

Поврзани содржини