ГОСТИНСКИТЕ НАВИВАЧИ СОБИРААТ ДОНАЦИИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Поддршка од Велс за Македонија
Донациите се собираат преку хуманитарната организација „Gôl“, составена од навивачи на велшкиот национален тим, која има за цел да им помогне на децата во социјален ризик, како во Велс, така и во странство, секогаш кога репрезентацијата игра на меѓународен терен.
Заедницата на навивачи на велшката фудбалска репрезентација, позната како „Црвениот ѕид“, започна хуманитарна кампања за поддршка на семејствата на настраданите во трагичниот пожар што неодамна се случи во ноќен клуб во Кочани.
Дел од овие навивачи ќе бидат присутни во Скопје за време на натпреварот помеѓу Македонија и Велс.
Преку социјалните мрежи, навивачката заедница ја повика јавноста да се приклучи во донациската акција, испраќајќи порака:
„Нашата заедница работи напорно за поддршка на преживеаните и семејствата на младите жртви од пожарот во ноќниот клуб во Македонија неодамна. Gôl Cymru ќе донира во име на Црвениот ѕид. Можете ли да помогнете?“.
Донациите се собираат преку хуманитарната организација „Gôl“, составена од навивачи на велшкиот национален тим, која има за цел да им помогне на децата во социјален ризик, како во Велс, така и во странство, секогаш кога репрезентацијата игра на меѓународен терен.
Организацијата „Gôl“ е формирана во 2002 година и досега има спроведено акции во над 30 сиропиталишта, детски болници и училишта ширум 21 земја.
Иницијативата за помош на семејствата погодени од трагедијата во Кочани е уште еден доказ за нивната посветеност и хуманост.