ГОСТИН ВО БИТОЛСКО КАФУЛЕ ИМАШЕ ИЗГОРЕНИЦИ ОД МИНЕРАЛНА ВОДА Доктор Беќаровски се јави по аферата со „Кока Кола“ од Хрватска
Во март годинава 42-годишниот бизнисмен А. Т. од Битола заврши на Клиниката за токсикологија во Скопје, откако му се слошило по пиење кафе и флаширана вода во угостителски објект во Битола. Од Клиниката за токсикологија изјавија дека пациентот наместо вода се напил корозивно средство кое се користи за машина за миење садови, што му предизвикало изгореници на внатрешните органи.
„Според пријавеното, А. Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. Прво бил хоспитализиран во Битолската болница, а потоа префрлен на клиника во Скопје. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија на 24 март од битолската полиција.