ГОСПОДИН ГОСПОДИН ПОПОСКИ ДОСЕГА СОБРА 40 ПОТПИСИ Ванковска стаса до 7.876, а Јакимовски до 6.676

Според последните податоци од ДИК, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, го засилил собирањето на потписи пред нотар, па заклучно со вчера до 20 часот има 6.676 потписи. Кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, која синоќа имаше 7.876 потписи, повторно реагира за непристапноста на подрачните канцеларии на ДИК, каде се собираат потписи.

4,428

Во трката за потписи Господин Поповски за еден ден ја двојно ја зголеми поддршката за кандидатурата за претседател. Тој на своето конто има сега 40 потписи, додека завчера имаше 19 потписи.

На табелата на ДИК слабо котираат и кандидатката од партијата Десна, Зорица Цветковска која има 140 потписи, како и Ѓорѓи Манасков со 267 и Вело Марковски со 924 потписи. Неизвесна е трката и за Мерсиха Смаиловиќ од бошњачката заедница, која стигна до 887 потписи.






Според последните податоци од ДИК, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, го засилил собирањето на потписи пред нотар, па заклучно со вчера до 20 часот има 6.676 потписи. Кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, која синоќа имаше 7.876 потписи, повторно реагира за непристапноста на подрачните канцеларии на ДИК, каде се собираат потписи.

Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска немаат потреба од потписи, бидејќи во претседателската трка ќе влезат со 30 пратенички потписи.

Но од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека Давкова ќе собира и потписи од граѓаните, а постојат најави и од СДСМ дека тие исто така ќе собираат потписи за нивниот кандидат, кој е и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски.

Според информациите кои ги сподели ДИК, граѓаните својот потпис за поддршка на претседателските кандидат ќе може да го сторат до 8 март, секој ден, вклучително и сабота и недела во подрачните единици на Државната изборна комисија.

Поврзани содржини