„ГОСПОД ДА ГО ЧУВА КРАЛОТ“ СЕ СЛУШНА ЗА ПРВПАТ ПО 70 ГОДИНИ Новиот крал Чарлс ветува дека ќе служи со љубов

Во последните 70 години нашето општество стана мултикултурно. Институциите на државата многу се променија. Но, со сите овие промени, нашите вредности останаа и мора да останат константни - рече меѓу другото новиот британски крал, а за прв пат по 70 години се слушнаа извиците „Господ да го чува кралот“ .

723

Ќе служам со почит и со љубов, рече новиот британски крал Чарлс Трети во неговото прво обраќање во јавноста откако почина неговата мајка, кралицата Елизабета.

– Денеска ви зборувам со чувство на длабока тага. Во текот на нејзиниот живот, Нејзиното височество кралицата, мојата сакана мајка, беше инспирација и пример за мене и за целото мое семејство. Ние ѝ го должиме најискрениот долг што секое семејство може да ѝ го должи на својата мајка за нејзината љубов, наклонетост, водство, разбирање и пример – додаде тој.






Животот на кралицата Елизабета беше добро проживеан, рече Чарлс.

– Знам дека нејзината смрт носи голема тага кај многумина од вас и ја споделувам таа тага со вас. Во последните 70 години нашето општество стана мултикултурно. Институциите на државата многу се променија. Но, со сите овие промени, нашите вредности останаа и мора да останат константни – рече меѓу другото новиот британски крал, а за прв пат по 70 години се слушнаа извиците „Господ да го чува кралот“ .

Вилијам сега е принц од Велс, додаде кралот Чарлс.

– Денеска сум горд што го именував како Принц од Велс. Со Кетрин покрај него, знам дека нашиот нов принц и принцеза од Велс ќе продолжат да ја инспирираат и водат нашата нација – додаде кралот.

Поврзани содржини