Гошев: Ако СДСМ е вистинска партија, треба да го одбрани Пауновски

Најкорисно за општеството е сами меѓу себе да се распаднат како нешто што се нарекува партија. Затоа што оваа трагедија што денес се случува е дело на сите безрбетници што доброволно прифатиле чифлигарство, изјави Гошев за ИРЛ.

2,640

Поранешниот гувернер на Народната банка и некогашниот прв човек на СКМ-ПДП, Петар Гошев, во изјава за ИРЛ вели дека партијата СДСМ треба да го одбрани директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, но само доколку е вистинска партија, а не акционерско друштво со еден акционер.

– Таа иста партија пред скоро две години не го одбрани министерот за финансии Драган Тевдовски заменувајќи го со срамно решение во споредба со него. Тој министер не беше бранет и од овој функционер што сега е на ред да биде жртва. Најкорисно за општеството е сами меѓу себе да се распаднат како нешто што се нарекува партија. Затоа што оваа трагедија што денес се случува е дело на сите безрбетници што доброволно прифатиле чифлигарство – изјави Гошев за ИРЛ.

Поврзани содржини