ГОРИВОТО ЗА УНГАРИЈА АМЕРИКАНСКО, ЦЕНТРАЛАТА ИЗГРАДЕНА ОД РУСИТЕ Сијарто ја откри „нуклеарната спојка“ на Орбан и Трамп

Ќе потпишеме голем меѓувладин договор за соработка во нуклеарната енергија со мојот колега, американскиот државен секретар Марко Рубио, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

545

Унгарија ќе потпише договор со Соединетите Американски Држави за соработка во нуклеарната енергија, и тоа за купување американско гориво и технологија за складирање потрошено гориво во нуклеарна централа што ја изградила Русија, откри првиот човек на унгарската дипломатија, јавува Ројтерс.

Потегот доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а според дипломатски извори, двајцата лидери ќе разговараат и за енергетската зависност на Унгарија од Москва.






– Ќе потпишеме голем меѓувладин договор за соработка во нуклеарната енергија со мојот колега, американскиот државен секретар Марко Рубио – изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој ја откри „тајната на двојната енергетска игра“. Унгарија ќе купи американско нуклеарно гориво за централата Пакш, која целосно ја изградила Русија, за да ги задоволи растечките енергетски потреби и, истовремено, да го намали ризикот од целосна зависност од Москва.

Притоа, Сијарто нагласи дека руската државна компанија Росатом во моментов гради два нови реактори во Пакш, во рамките на проектот Пакш II, кој почнал уште во 2014 година и бил одложуван неколкупати без јавен тендер.

Понатаму, Унгарија ќе ја воведе американската технологија за безбедно складирање на потрошено гориво и ќе инвестира во мали модуларни реактори, што се смета за нова генерација на чиста енергија.

 

Трамп неодамна ги повика европските држави да купуваат повеќе енергија од САД и да ги зајакнат сопствените резерви. Според него, тоа е „патот кон енергетска независност и стабилност“.

Поврзани содржини