ГОРИВО ИМА, НЕМА ПРОСТОР ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ КРИЗНА СОСТОЈБА Мицкоски вели дека возачи од странство ги празнат бензинските во граничните региони

Премиерот убедува дека нема услови за прогласување кризна состојба , бидејќи земјава има доволно гориво.

160

Премиерот Христијан Мицкоски убедува дека во земјава има доволно количини гориво и нема простор за паника. Недостигот на гориво што се јавува на некои бензински пумпи во пограничните предели се поради наплив на возачи од соседните земји каде што горивото е поскапо.

Тој рече и дека и по нивелирањето на цените на горивата со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика , цените на горивата во земјава се најниски во регионот.






-Како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата. Тоа во моментот е добро од еден страна но имаме наплив на бензинските пумпи во пограничните предели од соседите кои точат гориво па на бензинските пумпи се трошат брзо количините. По нивелирање на цените литар дизел во Албанија е  30 % поскапа и логично е да имаме притисок на бензинските пумпи до границата. Во Србија дизелот е поскап за 25%, во Косово е поскап околу 10%, а во Грција 15% дизел. таква е и состојбата со цените на бензините. Очекуваме притисок, имаме доволно количини но разговараме со компаниите кои увезуваат горива  и со дистрибутерите горива. Нема недостаток на горива – рече Мицкоски.

Тој како добра вест ја оцени цената на нафтата на берзите која утринава се стабилизира на околу 90 долари за барел.

-Владата ја следи будно  состојбата и во зависност од развојот на настаните како влада, доколку има потреба ќе реагираме – рече Мицкоски.

Тој оцени дека во вакви услови, нема потреба за прогласување кризна состојба поради горивата.

 

Поврзани содржини