ГОДИШНА ИНФЛАЦИЈА ОД 3,2% ВО ЈАНУАРИ Месечната инфлација е намалена за 0,7 %

На годишно ниво трошоците на живот најмногу се зголемиле кај покуќнината и апаратите за домаќинство 5,8% и кај хрaната (5,5%) и алкохолот (5,3%). Цените на годишно ниво  најмногу пораснале кај индустриските прехранбени производи за 4,8%, прехранбените производи за 4,4% како и кај земјоделските производи за 3,2%.

50

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е намалена за 0,7 %. Цените на мало во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година се намалени за 2,7%, објави Државниот завод за статистика.

Статистика пресмета и дека трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележат зголемување од 3,2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,2 %.






Според пресметките за јануари, намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9,3 %, Информации и комуникации за 1,6 %, Рекреација, спорт и култура за 1,5 %, Облека и обувки за 1,2 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 %.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 1 %, Ресторани и услуги за сместување за 0,7 %, Услуги за образование, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1%.

Трошоците на животот во групите Осигурување и финансиски услуги, Здравствена заштита и Храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

На годишно ниво трошоците на живот најмногу се зголемени кај покуќнината и апаратите за домаќинство 5,8% и кај хрaната (5,5%) и алкохолот (5,3%).

Цените на годишно ниво  најмногу пораснале кај индустриските прехранбени производи за 4,8%, прехранбените производи за 4,4% како и кај земјоделските производи за 3,2%.

Од јануари Државниот завод за статистика ги хармонизира индексот на трошоци на живот со Евростат според новата Европска класификација на личната потрошувачка според намената, ECOICOP верзија 2 која е усогласена и со Класификацијата на Обединетите нации UN COICOP 2018, без промена на методолошкиот пристап на пресметка на индексите.

Поврзани содржини