ГОРИ ВО СВЕТА ГОРА Два авиони, два хеликоптери и 11 возила го гаснат пламенот ВИДЕО

„Иако во таа област дуваат силни ветрови, се чини дека ситуацијата е подобрена. Беше околу осум наутро кога дознав. Сѐ започна на непознат начин“, велат од испосницата на Света Ана, која припаѓа на светиот манастир Велика Лавра.

880

Гори Света Гора, можеби најсветото место во православниот свет, пишува Блиц. Пожарот во кој се загрозени 39 монашки ќелии почнал во шумата кај местото Света Ана утринава, а уште го гаснат два авиони, два хеликоптери, 11 возила и 39 грчки пожарникари.






Недостапно било отпрвин местото кај што избувнал пожарот, а во тоа место секогаш имало ветрови што го отежнало гаснењето.

– Иако во таа област дуваат силни ветрови, се чини дека ситуацијата е подобрена. Беше околу осум наутро кога дознав. Сѐ започна на непознат начин – велат од испосницата на Света Ана, која припаѓа на светиот манастир Велика Лавра.

Пожарот избувна во правец на плажата, а 39 ќелии беа загрозени.

– Авионите постојано летаат, додека противпожарната бригада и крајбрежната стража се на самото место – потврдуваат властите во Грција.

Поврзани содржини