📽️ ГОРИ ВЛАДИНАТА ЗГРАДА ВО КИЕВ, РУСИТЕ ЗА ПРВПАТ ГАЃАА ВО ЦЕНТАРОТ Над 750 удари биле одбиени во синоќешниот напад, има жртви
Рано утринава, 7 септември, чад се издигна на небото вешдан зад Мајдан, Плоштад на независноста, јавува Би-Би-Си. Потоа, жителите на Киев виделе две руски крстосувачки ракети како се движат со многу голема брзина, пред да се случи уште една експлозија. Ова е првпат руски ракети да навлезат толку блиску во центарот на Киев.
Една од главните владини згради во Киев е оштетена како резултат на ноќните напади. На Фејсбук, премиерката на Украина, Јулија Свириденко, пишува дека „за прв пат, владината зграда, покривот и горните катови се оштетени поради непријателски напад и дека спасувачите го гаснат пожарот“, пренесува Би-Би-Си.
На социјалните мрежи се шири снимката од објектот кој гори. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, вели дека владината зграда била во пламен како резултат на „наводен напад со беспилотно летало“.
By hitting the offices of Ukraine’s Prime Minister, Putin has just changed the rules, he just doesn’t know it yet. pic.twitter.com/QZtTbL9let
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) September 7, 2025
Russia escalates its terror against Ukraine and this needs to get a strong response from our allies.
For the first time, more than 800 (!) drones and missiles overnight. Civilians killed and injured, civilian infrastructure damaged in Kyiv, Odesa, Kremenchuk, Kryvyi Rih,… pic.twitter.com/ia2xUouzGy
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 7, 2025
„Зградата се наоѓа во централниот Печерски округ“, пишува Кличко во објава на Телеграм. Тој вели дека пожарникарите сè уште работат на местото на настанот. На други места во главниот град, биле погодени магацин, 16-катна станбена зграда и четирикатница.
Едно дете и една млада жена беа убиени во нападите со беспилотни летала, рече Кличко на апликацијата Телеграм, додека една бремена жена беше меѓу петте повредени кои биле примени во болница.
Украинската премиерка Јулија Свириденко информираше дека се оштетени покривот и горните катови на објектот велејќи дека „непријателот ги тероризира нашите луѓе низ целата земја секој ден“.
Русија лансирала повеќе од 800 беспилотни летала и ракети во последниот ноќен напад кон Украина, соопштија воздухопловните сили на Украина. Според написот, 9 ракети и 56 беспилотни летала погодиле 37 локации, а соборените остатоци паднале на 9 локации.
Рано утринава, 7 септември, чад се издигна на небото вешдан зад Мајдан, Плоштад на независноста, јавува Би-Би-Си. Потоа, жителите на Киев виделе две руски крстосувачки ракети како се движат со многу голема брзина, пред да се случи уште една експлозија.
Ова е првпат руски ракети да навлезат толку блиску во центарот на Киев. Според обновените информации од украинските сили, 751 удар од вкупно 805 биле одбиени од украинската воздухопловна одбрана.
Русија, исто така, изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на границата со Полска, рано наутро во недела, поради што полските и сојузничките авиони беа активирани за обезбедување на полскиот воздушен простор, објави оперативната команда на полските вооружени сили.