Гори трговскиот центар „Глобал“ во Струмица ВИДЕО

2,280

Избувна пожар во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица кој зафати повеќе продавници, јавуваат локалните медиуми.

Огнот ги зафати приземните простории каде се сместени повеќе продавници, а се шири и на горниот кат од објектот каде има десетици продавници и локали.






Пожарот кој избувна пред полноќ брзо се шири, а пожарникарите се обидуваат да се справат со пламените јазици.

Засега нема информации за причините кои го предизвикале пожарот.

 

 

Видео: ТВ Вис

 

Поврзани содржини