ГОРИ СВЕТА ГОРА Четири канадери, хеликоптер и 11 противпожарни возила во битка со пожарот кој се приближува до манастирот
Пожарот е во тек во шумскиот дел на Света Гора, далеку од манастирот, додека во областа дува ветрови од пет бофори, пишува Прототема.
Голем пожар изби утрово на подрачјето на Голема Лавра, во шумовитиот дел на Света Гора по што веднаш беше почната акција за гаснење на огнот.
Четири канадери и еден хеликоптер учествуваат во акцијата за гаснење на пожарот, објави грчкиот дневен весник Катимерини. Во борбата со огнот се вклучени и 11 противпожарни возила со 43 пожарникари за кои дополнителен проблем е силниот ветар.
Локален претставник изјави дека пожарот е активен во непристапен терен, во јужниот регион на Света Гора. Според Прототема, манастирскиот комплекс не е загрозен.