ГОРИ ПОЗНАТО ЛЕТУВАЛИШТЕ ВО АЛБАНИЈА Голем пожар во Шенѓин, се евакуираат жителите и туристите

Пожарот веќе опасно се приближува до хотелите и апартманите од кои се евакуирани жителите и туристите.

991

Во познатото албанско летувалиште Шенѓин, неколку дена беснее пожар од големи размери, а во текот на ноќта ситуацијата се влоши поради брзото ширење на огнорт предизвикано од ветерот. Пожарот веќе опасно се приближува до хотелите и апартманите од кои се евакуирани жителите и туристите.

„И по интервенцијата со хеликоптер беше невозможно целосно да се изолираат пожарите, каде поради силниот ветер во текот на ноќта пожарот повторно се активираше во некои области на планината над Шенѓин“ – објавија албанските медиум.






Tие додаваат дека огнот се приближил до хотелите и апартманите во Рана е Хедун, а во меѓувреме жителите на областа, како и туристите, се евакуирани.

Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на Улцињ, е опколен со борова шума, а најпосетуван е од македонски, косовски, српски и полски туристи.

Поврзани содржини