📽️ ГОРИ ОБЛАКОДЕРОТ НА „ВЈЕСНИК“, СИМБОЛ НА ЗАГРЕБ Штетата е огромна, гаснењето уште трае

Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, внатре има многу опрема и документи. Пријавата стигна околу 23 часот, интересно, само од еден граѓанин. Обично добиваме повеќе повици при вакви пожари, изјави командантот на Јавната противпожарна служба на Загреб, Синиша Џембрих.

1,583

Пеколна ноќ во Загреб. Облакодерот на познатиот „Вјесник“ на Славонска авенија уште гори и утрианва, додека делови од фасадата паѓаат на улицата подолу. Драмата трае со часови. Деведесет и три пожарникари со триесет возила се борат со пламените јазици кои избувнале нешто пред полноќ.

– Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, внатре има многу опрема и документи. Пријавата стигна околу 23 часот, интересно, само од еден граѓанин. Обично добиваме повеќе повици при вакви пожари – изјави командантот на Јавната противпожарна служба на Загреб, Синиша Џембрих.






Toj уверува дека нема опасност од уривање на зградата.

Тој вели дека што пожарникарите виделе пламен, побарале дополнителна интервенција.

– Опасно е, затоа што кога почнавме да се качуваме, пожарот се прошири кон долните катови, дури и кон приземјето. Очигледно се движи низ вентилацијата – истакна тој.

Џебрих, за Нова ТВ, изјави дека морале да ги повлечат пожарникарите поради остатоци и парчињата стакло што паѓаат од зградата и дека пожарот се гаси само од надворешни позиции околу висококатницата.


Меѓутоа, Џембрих додаде дека сите пожарникари на градот се на терен и дека ќе биде потребно цело утро за да се стави пожарот под контрола.

– Се надеваме дека до крајот на денот ќе го изгаснеме целосно – рече тој.

Од друга страна, жителите на Загреб во паника ги напуштаат околните згради, додека полицијата го обезбедува периметарот поради опасност од паѓање на материјал. Според првичните проценки, материјалната штета е целосна, но засега нема информации за повредени.

Вицепремиерот и министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, Бранко Бачиќ, исто така, беше на улицата Савска во времето на избувнувањето на пожарот, јавува Нова ТВ. Тој не соопштил повеќе информации од она што веќе е познато, наведувајќи дела сè уште не е познато што го предизвикало пожарот.

Зградата на „Вјесник“ е висока канцелариска зграда лоцирана на адреса Славонска авенија 4 во загрепската градска четврт Трње. Архитектот Антун Улрих (Antun Ulrich) ја проектира зградата, а изградбата се реализираше во периодот од 1956 до 1972 година.

Со висина од околу 67 метри и 16 надземни ката, зградата го одсликува модернистичкиот архитектонски дух на 1970-тите во тогашната Југославија.

Таа е сместена на едно од клучните места на градот, на крстосницата на Славонска авенија и Савска цеста, што ја прави видлива и препознатлива точка во градскиот пејзаж.

Поврзани содржини