📽️ КАЈ ДОЦНАТ, ПА УШТЕ И ЛЕСНО СЕ ПАЛАТ! Се запали нов автобус на ЈСП во Бутел
Од скопската противпожарна бргада нѐ информираа дека добила пријава за запален автобус на ЈСП Скопје кај старата општина Бутел и дека пожарот бил веднаш изгаснат, а на настанот било испратено едно возило да интервенира.
Се запали автобус на Јавното сообраќајно претпријатие. Овој пат гореше возило на крстосницата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош со улицата Ферид Бајрам.
Според информациите до кои дојде Плусинфо од сведоци на настанот, „украинецот“ кој додека стоел на семафорот одеднаш почнал да чади. Целата внатрешност била исполнета со чад.
– Го забележав автобусот како целиот е во густ чад. Искрено, не знам дали имаше внатре патници, но го видов возачот како се мачи со ПП апарат да го изгасне пожарот – вели еден од сведоците.
Од скопската противпожарна бргада нѐ информираа дека добиле пријава за запален автобус на ЈСП Скопје кај старата општина Бутел и дека пожарот бил веднаш изгаснат, а на настанот било испратено едно возило да интервенира.
Пред речиси 10 дена двокатен автобус се запали под Железничката станица во Скопје, а во гаснењето учествуваа припадници на противпожарната бригада. Тој настан следеше по околу две недели откако автобус на ЈСП имаше сообраќајна несреќа и се качи на жарденери, а возачот обвини дека тој бил неисправен.
В.д. директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица.
Скопјани цело лето мака мачат со градскиот превоз и со проблемите што веќе подолго време ги влече ЈСП Скопје. Покрај недоволниот број автобуси што сообраќаат на градските и на приградските линии во главниот град, и тие што се во оптек често се расипуваат.
Кушовски за Телма откри дека се повлечени дури 20 автобуси од скопските улици поради тоа што имаат разчни дефекти што е речиси 10% од возниот парк на ЈСП.
– Проблемот е во тоа што во моментов имаме недостиг од 20 и нешто возила, за да можеме да ги опслужиме линиите кои што се по летен возен ред. Тие се дефектни возила кои што не може да се пуштат во сообраќај – вели Кушовски.
Тој додава дека ЈСП работи според возниот ред од 2012 година, кога во оптек биле 350 автобуси, а сега претпријатието располага со вкупно 200. Од нив на 27 автобуси им била расипана климатизацијата, а до денес таа е поправена кај 12. Со цел да се одговори на потребите на граѓаните, сообраќаат 15 автобуси на кои допрва ќе им се поправаат клима уредите.