📽 ГОРИ НАПУШТЕНА КУЌА ВО КУМАНОВО Пожарот е локализиран, но кумановци реагираат за бавната реакција на пожарникарите

На видеото што се споделува на социјалните мрежи се слуша како граѓани изразуваат револт кон локалната власт, затоа што екипи од противпожарната бригада не се појавуваат да го изгаснат огнот кој се заканува да зафати и соседни објекти.

337

Гори напуштена куќа на улицата Моша Пијаде во Куманово, во централно градско подрачје и во близина на касарната. Две противпожарни возила и осуммина пожарникари се на терен, а полицијата ја затворила улицата за движење.

– Пожарот е под контрола. Се работи на негово целосно локализирање и гасење – вели командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.






Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат. Детали за пожарот се најавуваат за подоцна во текот на оваа вечер.

На видеото што се споделува на социјалните мрежи се слуша како граѓани изразуваат револт кон локалната власт, затоа што екипи од противпожарната бригада не се појавуваат да го изгаснат огнот кој се заканува да зафати и соседни објекти.

Поврзани содржини