ГОРИ НАД ОБИКОЛНИЦАТА ВО БИТОЛА 35 пожарникари и петнаесетина доброволци се борат со огнената стихија

Во борбата со огнената стихија, вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола, претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.

228

Голем пожар попладнево го зафати просторот над обиколницата во Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски го стави во целосна функција штабот за заштита и спасување, а екипите на терен во постојана координација со градоначалникот се зголемуваат.

Во борбата со огнената стихија, вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола, претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.

Поврзани содржини