📷 ГОРИ НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО БУЕНОС АИРЕС Евакуирани се над 100 луѓе
Пожарот избувнал на 11-от кат од кулата Реноар 2, која е една од највисоките згради во главниот град на Аргентина и се наоѓа во областа Пуерто Мадеро.
Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од зграда со 54 ката во Буенос Аирес откако изби голем пожар.
Пожарот избувнал на 11-от кат од кулата Реноар 2, која е една од највисоките згради во главниот град на Аргентина и се наоѓа во областа Пуерто Мадеро.
Досега околу 50 лица добиле лекарска помош на самото место поради вдишување чад, а само едно лице морало да биде хоспитализирано
Пожарникарите вршат увид и сè уште не се знае дали има луѓе на катовите над пожарот.