Гори магацин за хартија во белградската населба Дорчол

Српското Министерство за внатрешни работи информира дека засега нема повредени во инцидентот.

189

Во белградската населба Дорчол рано изутринава се запали магацин. Густ црн чад се издигна над населбата и може да се забележи од голема оддалеченост.

Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи, засега нема повредени во инцидентот.






Станува збор за приватен магацин во кој главно се складира хартија и картони.

Повремено пука стакло и се слушаат помали детонации. Реонот е блокиран, а во тој дел од градот е создаден метеж бидејќи полицијата го пренасочува сообраќајот.

На местото на пожарот се наоѓаат 13 пожарникарски возила и 46 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат големиот оган.

 

Поврзани содржини