ГОРИ КАЈ САРАЈ И ПРИЛЕПСКО Пожарот кај Раовиќ е на непристапен терен
На терен е испратена екипа од седум работници кои се на лице место – четворица работници се на горниот дел и тројца на долниот дел
Се уште се активни пожарите кај Раовиќ и Буковиќ (Сарај) и во атарот на Ракле – Никодин – Топлица во Прилеп.
Пожарот кај село Раовиќ и Буковиќ (Сарај) е на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума. На терен се екипите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Армијата (АРСМ).
Пожарот во атарот на Ракле – Никодин – Топлица е со слаб инетнзитет, на непристапен терен. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека се забележува само чадење (без пламен) во високиот непристапен дел. Од увид на лице место извршен од страна на двајца пожарникари од ТППЕ-Прилеп утврдено е дека не постои опасност пожарот да загрози некое населено место. На терен е испратена екипа од седум работници кои се на лице место – четворица работници се на горниот дел и тројца на долниот дел.
– Пожарот на планината Готен кај село Нивичино место викано Калинско присое-стара беровска сеча е локализиран од Струмичкиот дел. Се прават пресеки и расчистување на лиснаста маса, во внатрешноста на пожарот горат стари трупци кои се префрлени во средина да догорат. Постепено се прибираат за повлекување назад. На терен се ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, МВР-СВР-Струмица четворица полицајци и едно возило, ЕЛС Василево со четворица вработени и едно возило, МЗШВ Струмица со еден вработен, ДЗС ПО Струмица еден вработен, ПШС Беласица 10 вработени и две возила – велат од ЦУК.