🎥 ГОРИ И ВО ДОЈРАН Градоначалникот и жителите бараат помош

520

Стотина метри ги делат пламените јазици од производните хали на фабриката „Дојран Стил“ во селото Николиќ, откако рано изутринава огнот се рашири низ нискостеблестата шума над Дојран.

Вознемирени жители на социјалните мрежи објавија дека во критичниот момент „авион нема, хеликоптер нема, а ветерот засилува“






Градоначалникот на Дојран објави видео на Фејсбук каде вели дека е потребна воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ.

Екипите од Територијалната противпожарна единица – Дојран, поддржани од доброволци и механизација на „Дојран Стил“, копнено направија заштитен коридор меѓу фабричките магацини и фронтот на огнот.

 

Поврзани содржини