📷 ГОРИ ХОТЕЛОТ „МАНАСТИР“ ВО БЕРОВО Гостите и вработените се евакуирани

Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели дека поради сериозноста на пожарот побарана е помош од околните општини.

788

Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и за евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта.






Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти.

Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели дека поради сериозноста на пожарот побарана е помош од околните општини.

– Побаравме и поддршка од Кочани. Пожарот навистина беше голем и страшен но во моментов мислам дека е локализиран и нема опасност да се прошири. Состојбата е стабилна – изјавил Пекевски.

Поврзани содржини