ГОРИ ХАЛА СО ХЕМИКАЛИИ Избувна пожар во фабриката за оружје „Сувенир“

287

Регионалниот центар за управување со кризи Македонски Брод информира дека настанал пожар во населбата Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“.

Според нивните информаци, опожарени се магацин и хала со хемикалии.






Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Македонски Брод е на терен со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Електричната енергија во фабриката е исклучена.

Поврзани содржини