ГОРИ ДЕПОНИЈАТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ По Вардариште и Дрисла, нов депониски пожар во Скопје

Активни се пожарите во Шуто Оризари, каде гори депонија, а под контрола е пожарот во депонијата Дрисла, на територијата на Општина Студеничани, информираат од ЦУК.

1,152

Денеска е запалена дивата депонија во Шуто Оризари.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 12.30 часот денеска на територијата на Македонија има 2 пожара на отворен простор, од кои 1 е активен и 1 е под контрола.






„Активни се пожарите во Шуто Оризари, каде гори депонија, а под контрола е пожарот во депонијата Дрисла, на територијата на Општина Студеничани“, информираат од ЦУК.

Поврзани содржини