📷 📽️ ГОРИ ДЕПОНИЈА ВО ВИЗБЕГОВО Црн чад го покри небото над Скопје, паника меѓу граѓаните
Од повеќе страни на Скопје – Центар, Карпош, Ѓорче, Бутел – граѓаните алармираат за непријатна миризба и загаден воздух, а чадот кој се издига од правецот на Визбегово е забележлив и од голема оддалеченост.
Густ црн чад го покрива небото над Скопје – избувна нов пожар кај депонија, граѓаните алармираат од сите страни!
Дебел црн чад се шири кон Скопје откако утрово избувна нов пожар кај депонијата во Визбегово, која, поради силниот ветер, брзо се разгорува. Пожарот предизвика вознемиреност кај скопјани, кои масовно испраќаат видеа и фотографии од различни делови на градот, каде густиот чад е видлив на небото.
Од повеќе страни на Скопје – Центар, Карпош, Ѓорче, Бутел – граѓаните алармираат за непријатна миризба и загаден воздух, а чадот кој се издига од правецот на Визбегово е забележлив и од голема оддалеченост.
– На терен се испратени четири противпожарни возила, кои заедно со две возила од ЈП „Комунална хигиена“ интервенираат за гаснење на пожарот – информира командантот на ТППЕ на Град Скопје, Звонко Томески.
Според првичните информации, пожарот избувнал утринава во делот кај дивата депонија во близина на Визбегово. Ветерот дополнително ја влошува ситуацијата, бидејќи огнот брзо се шири, а чадот се насочува кон урбаните делови на Скопје.
Властите апелираат до граѓаните да се воздржат од движење во близина на локацијата и, доколку е можно, да останат во затворени простории со затворени прозорци, додека се преземаат мерки за справување со ситуацијата.