📽 ГОРИ БРОДОГРАДИЛИШТЕ ЗА НУКЛЕАРНИ ПОДМОРНИЦИ ВО БРИТАНИЈА Нема загинати, неколку лица се хоспитализирани

Полицијата ги советуваше луѓето што живеат во близина на бродоградилиштето „да останат внатре додека спасувачките тимови се справуваат со инцидентот и да ги држат затворени вратите и прозорците“.

202

Голем пожар избувна во бродоградилиштето каде што се градат нуклеарни подморници во англиската област Камбрија.

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од пламен и чад што извира од бродоградилиште во градот Бароу-ин-Фернес.






– Нема загинати, а две лица се хоспитализирани – изјавија од полицијата за Скај њуз.

Полицијата соопшти дека истрагата за инцидентот е во тек и дека луѓето се евакуирани од бродоградилиштето, како и дека нема нуклеарна опасност.

Сепак, полицијата ги советуваше луѓето што живеат во близина на бродоградилиштето „да останат внатре додека спасувачките тимови се справуваат со инцидентот и да ги држат затворени вратите и прозорците“.

Поврзани содржини