ГОРИ БОРОВА ШУМА НА СОЛУНСКА ГЛАВА Гаснењето е тешко бидејќи пожарот е на непристапен терен

Пожарот го гаснат 3 пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод.

161

Над селото Белица под Солунска Глава во општина Македонски Брод има активен пожар на висок и на непристапен терен. Гори ретка борова шума, сува трева и грмушки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот го гаснат 3 пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод.






Од ЦУК информираат дека изминатото деноноќие изгаснале 10 пожари.

 

Поврзани содржини