🎥 ГОРИ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО РИЈАД, ТРАМП НАЈАВИ ОДГОВОР Евакуирани амбасадите во Бахреин, Ирак, Катар, Јордан и во Кувајт
Министерството за одбрана на Саудиска Арабија претходно соопшти дека американската амбасада во Ријад е погодена со два дрона, кои предизвикале „ограничен“ пожар и мали материјални штети.
САД ќе одговорат на иранскиот напад врз американската амбасада во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, што се случи синоќа, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
Министерството за одбрана на Саудиска Арабија претходно соопшти дека американската амбасада во Ријад е погодена со два дрона, кои предизвикале „ограничен“ пожар и мали материјални штети.
Телевизијата Фокс њуз јави дека за време на нападот со ирански дронови амбасадата била празна и нема повредени.
Трамп во интервју за ЊузНејшн рече дека наскоро ќе стане јасен одговорот на САД на нападот врз амбасадата и за смртта на 6 американски војници за време на конфликтот во Иран.
Стејт департментот на САД денеска соопшти дека им наредил на владините службеници, кои немаат задолженија во вонредни ситуации, да ги напуштат Бахреин, Ирак, Катар, Јордан и Кувајт, заедно со нивните семејства.
Наредбата е донесена од безбедносни причини со оглед на разгорувањето на конфликтот на Блискиот Исток, кој почна со заедничката израелско-американска воена операција против Иран на 28 февруари.
Во исто време, амбасадата на САД во Кувајт соопшти дека се затвора до понатамошно известување.
Американската амбасада во Ерусалим, пак, информираше дека „овој пат не е во позиција да евакуира или директно да им помага на американските граѓани да го напуштат Израел“.
İran, Suudi Arabistan’ın başkenti Riyad’ı balistik füzelerle vurdu.
Bu iş hiç iyi bir yere gitmiyor…pic.twitter.com/4W10McaLRY
— Özgür Adam (@ozgurozkurt_16) March 2, 2026