ГОРЕШЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ОХРИДСКИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР Пожарникарите спречија да се прошири на другите објекти

Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета. 

399

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот Туристичка во Охрид.

Пожарот некаде во 3.30 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила, така што со брза интервенција е спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот.






Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета.

Поврзани содржини