📽️ ГОРЕШЕ ВИСОКОКАТНИЦА ВО КУВАЈТ, ТЕХЕРАН И БЕЈРУТ ПОД УДАР „Нема да остане никој да каже се предаваме“

Кувајт, Техеран и Бејрут беа мета на жестоки напади ноќеска. Остатоци од дрон запалија висококатница во Кувајт, додека израелската војска бомбардираше цели во Иран и во Либан. Американскиот претседател порача дека „нема да остане никој да каже се предаваме“ отфрлајќи преговори со Иран.

513

Остатоци од соборен дрон запалија висококатница во Кувајт сити, главниот град на Кувајт. Огромен пожар избувнал во зградата, а делови од градот биле обвиени во густ чад. Нападот е дел од израелските ноќни напади врз Кувајт, Техеран и Бејрут.

Кувајтското Министерство за одбрана соопшти дека штетата настанала поради паднати остатоци од пресретнат летачки објект.






„Некои цивилни објекти претрпеа материјална штета како резултат на паднати остатоци и шрапнели од операциите за пресретнување“, кажа портпаролот на Министерството за одбрана на Кувајт.

„Нема да остане никој да каже се предаваме“

По нападите следуваше остра изјава од американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја отфрли можноста за преговори со Иран. Откако Техеран го одби неговиот повик за безусловно предавање, Трамп порача дека разговори се можни само по целосен воен пораз на Иран.

– Мислам дека во еден момент нема да остане никој кој ќе каже „се предаваме“ – рече Трамп.

Тој ги отфрли и заканите дека САД ќе платат висока цена.

– Не знам за што зборуваат. Тие се веќе поразени. Секој елемент од нивната војска е уништен. Целото раководство им е уништено. Нема нешто што не е уништено. Победуваме на нивоа какви што не се видени досега – кажа Трамп.

 

Кој ќе го подели ураниумот на Иран?

Сајтот „Аксиос“ објави дека САД и Израел разговарале за можна операција со специјални сили во Иран. Според четири добро упатени извори, целта би била обезбедување на иранските залихи на збогатен ураниум во подоцнежна фаза од војната.

Оган врз престолнините

Истовремено жестоки напади го потресоа Техеран. Израелската војска бомбардирала нафтени рафинерии во иранската престолнина. По ударите избувнал огромен пожар. Огнот се проширил долж еден од булеварите. Над делови од градот се издигнувал густ чад.

 

Израелската војска потврди дека извела напад и во Бејрут. Цел биле заповедници на либанскиот огранок на Иранската револуционерна гарда.

Израел не ги објави погодените локации. Но, либанското министерство за здравство соопшти дека четири лица загинале при напад врз хотел во центарот на градот. Во објектот биле сместени бегалци.

 

 

Поврзани содржини