ГОРЕШЕ КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Двајца војници повредени додека се бореле со огнот

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, каде им е укажана медицинска помош. Засега не се соопштуваат детали за тежината на нивните повреди.

485

Двајца припадници на Армијата се здобиле со повреди во обид да изгаснат пожар што избувнал во објект во касарната во Тетово, потврдија од СВР Тетово.

Како што соопшти полицијата, настанот бил пријавен на 18 јуни 2025 година во 13.46 часот. Пожарот зафатил дел од еден објект во воениот комплекс, а двајцата армиски лица биле повредени додека се обидувале сами да го стават под контрола огнот.






Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, каде им е укажана медицинска помош. Засега не се соопштуваат детали за тежината на нивните повреди.

Пожарот бил целосно изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. За случајот е известен јавен обвинител, а се работи на утврдување на причините за избувнување на огнот.

Поврзани содржини